Македонскиот интернационалец Дарко Додев со гол во ремито 2:2 за својот тим Алтаи против екипата на Јелимај Семеј успеа на својот состав да му донесе важен бод во финишот на фудбалскиот шампионат на Казахстан.
Додев има одлична полусезона четири гола и три асистенции вклучувајќи го и Купот на оваа земја, со што ги оправда очекувањата кога Алтаи и го ангажираше ова лето.
Додев доби и дебитантски повик односно настап за нашиот А национален тим на пријателските мечеви против Босна и Турција ова лето.











