Познат е распоредот за 12.коло: Дербито Вардар – Струга ТЛ в понеделник на ФФМ од 14 часот!

120
ФОТО: FFM.MK

Утре се играат натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија а престојниот викенд на програмата се сите пет средби од 12.коло во ПМФЛ. Интересно, нема да има прволигашки фудбал во сабота. Имено два меча се закажани за в недела (01.11.2026) и три за понеделник (02.11.2026) од кои два во ист термин, од 14 часот.

Големото дерби меѓу Вардар и Струга ТЛ, меѓу третиот и вториот тим на табелата ќе се игра в понеделник на ФФМ и тоа од 14 часот.

Во продолжение можете да го видите комплетниот распоред на одигрување на натпреварите од 12.коло.

НЕДЕЛА (01.11.2026)

Скопје: Шкендија А – Тиквеш (12 ч)

Штип: Брегалница – Шкендија Т (14.30 ч)

ПОНЕДЕЛНИК (02.11.2026)

Скопје: Скопје – Силекс (12 ч)

Скопје: Вардар – Струга ТЛ (14 ч)

Куманово: Башкими – Арсими (14 ч)

ПретходноМЗТ Скопје вечерва против АЕК Ларнака ја бара првата европска победа
СледноНа манифестацијата “Златна топка“: Хари Кејн со часовник од 1.15 милиони евра!(ФОТО)