Пресврт: Роналдо доби повик за настап за Португалија!

58
фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Ете, и тоа може да се случи. И покрај сите скандали што ги направи, за тоа доби казна од смешни 255 евра, Кристијано Роналдо сепак доби повик од селекторот Жорже Жезус за ноемврискиот циклус во Лигата на Нации.

Имено тој би можел да се врати во португалската репрезентација уште во ноември, откако минатиот месец беше казнет за напуштање на репрезентативниот камп. Напаѓачот на Ал-Наср е на поширокиот список на играчи за претстојните натпревари на Португалија во Лигата на нации, објавуваат португалските медиуми.

Роналдо на тој начин би можел повторно да игра за репрезентацијата по судирот со тренерот Жорже Жесус, поради што го напушти тренинг кампот на крајот на септември. Португалската фудбалска федерација го казни со 30-дневна забрана за играње за репрезентацијата и парична казна од 255 евра. Важно е да се нагласи дека вклучувањето во поширокиот список не значи дека Роналдо веќе добил конечен повик. Одлуката ќе биде позната откако селекторот ќе го објави конечниот список на играчи.

Познато е дека проблемите започнаа по натпреварот против Норвешка, во кој Португалија победи со 2:1. Роналдо го гледаше натпреварот од клупата, иако се загреваше, а според неговата верзија на настаните, Жесус претходно му ветил дека ќе добие 30 минути игра. Тензиите продолжија пред натпреварот против Данска.
Роналдо сметаше дека тренерот не се држел до нивниот договор, по што одлучи да го напушти репрезентативниот камп во Копенхаген и да се врати во Мадрид. Португалската федерација покрена дисциплинска постапка, а Роналдо оттогаш јавно им се извини на соиграчите и навивачите и ја прифати одговорноста за своите постапки. Португалија ќе игра против Данска дома на 14 ноември, а три дена подоцна ќе игра против Велс на гости. Роналдо би можел да се врати во тимот за тие натпревари, под услов Жезус да го вклучи во конечниот список.
Селекторот претходно ја остави отворена можноста за негово враќање, велејќи дека одлуката зависи и од самиот играч. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на португалската репрезентација, за која постигна рекордни 146 гола во рекордни 234 настапи.

ПретходноШкендија за Хари Кејн: Горди сме што нашите патишта се вкрстија со овојувачот на “Златната топка“! (ФОТО)
СледноМЗТ Скопје вечерва против АЕК Ларнака ја бара првата европска победа