Победа на младата футсал репрезентација во натпреварот против Црна Гора

49

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години во вториот контролен натпревар против Црна Гора што се играше во Тиват забележа победа од 6:3.

Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ поведоа со голот на Лео Стоевски во третата минута. Во шестата, Михаил Гоговски зголеми на 2:0, а веќе во десеттата минута имавме предност од 3:0 откако Александар Крстевски го совлада противничкиот голман,

Во 11. минута, Балша Ракочевиќ ја погоди сопствената мрежа за водство на Македонија од 4:0.

Филип Гопчевиќ во 17. минута го постигна првиот погодок за домаќинот, а шеесетина секунди подоцна Милан Рагановиќ намали на 4:2.

Матеј Ангеловски во 25. минута се запиша меѓу стрелците за водство на Македонија од 5:2 додека во 28-та Богдан Головиќ постигна гол и намали на 5:3.

Конечниот резултат го постави Христијан Ризов на две минути пред крајот на натпреварот.

ПретходноЛШ: Историја за Штип УГД и градот под Исарот
Следно“Рибарите“ се најголемата сензација во 21.век: “Само ја шутнав топката а потоа трчав како навиен!“(ВИДЕО)