Во останатите мечеви од денешната 1/8 финална КУП програма во домашниот фудбалски шампионат, најголемото изненадување го направи тимот на Македонија ЃП, која што на пенали ја елиминираше Брегалница.
Откако гостите имаа водство од 0:2, неочекувано домаќинот израмни, а потоа во пенал серијата беше попрецизен. Трагичар за гостите беше Матеј Ангелов кој промаши во последната серија.
Рутински триумф на свој терен извојува тимот на Струга ТЛ кој што со 2:0 ја совлада Беласица.
Скопје со голот на Гордиќ во 68. минута стигна до победа од 1:0 против тимот на Новаци.
Работнички пак во второлигашката пресметка против Каменица Саса, триумфираше со 3:2.
Струга ТЛ – Беласица 2:0
Работнички – Каменица Саса 3:2
Македонија ЃП – Брегалница 2:2 (на пенали 5:4)
Скопје – Новаци 1:0
Башкими – Шкендија А. 0:2










