Лазаров одбра 18 играчи за дуелите со Луксембург и Грција!

531
Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација стартува нов квалификациски циклус, овој пат за пласман на Европското првенство 2028 година. Селекторот, Кирил Лазаров го скрати списокот, за дуелите против Луксембург и Швајцарија одбра 18 играчи.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим собирот го закажа за во недела во 13 часот, ден кога се игра вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер. За првпат во историја кога Македонија игра важни натпревари, клубовите се одлучуваат да не направат отстапки за националниот дрес…

Откако доби дозвола за настап, Дмитро Хориха ќе дебитира против Луксембург на домашен терен, дуел кој се игра на 4. ноември. Македонија во оваа ЕХФ Недела ќе одигра и против Грција, но на гостински терен.

Лазаров одлучи искусниот Никола Митревски да го стави во резерви, а додека да им даде шанса на Томовски, Галевски и Гогов. На списокот го нема Жарко Пешевски.

ПретходноШпански медиуми: Таткото на Јамал плукнал келнерка и физички нападнал маж?!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноНа детски натпревар во Казахстан тренерот удри одбојкарка, реагираше и полицијата !(ВИДЕО)