Ноле со пресврт до осминафинале на турнирот во Базел

56
фото: Kalshi Tennis (X)

Новак Ѓоковиќ со пресврт го започна настапот на АТП-турнирот во Базел, откако го совлада Французинот Уго Умбер со 2:1 во сетови и обезбеди место во осминафиналето.

Српскиот тенисер загуби во првиот сет со 6:4, откако Умбер направи брејк во третиот гем и успешно ја зачува предноста до крајот. Сепак, Ѓоковиќ брзо одговори во вториот сет, направи брејк во вториот гем и со сигурна игра на свој сервис израмни по победата од 6:3.

Одлуката падна во третиот сет, во кој Ѓоковиќ го одзеде сервисот на противникот во петтиот гем, а потоа ја потврди предноста за водство од 4:2. До крајот двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па Србинот го приведе мечот до крај со 6:4 и конечни 2:1 во сетови.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Германецот Јан-Ленард Штруф, кој претходно го елиминираше сонародникот Јаник Ханфман со 6:4 и 6:3.

ПретходноВелемајсторски потег: Растодер со гол со пета му донесе победа на ПАО
СледноПолувреме: Вардар има два гола предност против Мелсунген