Дербито ќе биде комплетно: И „Чкембари“ на трибините!

208

Во недела ќе се одигра првото дерби оваа сезона. Вардар е домаќин на Пелистер, мечот е закажан со почеток во 17:45 часот. Во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде вистински празник на ракометот, дополнителна тежина ќе дадат двете навивачки групи.

Според информациите од таборот на актуелниот македонски првак на трибините ќе бидат и „Чкембари“ во најави се околу 150 фанови на битолскиот тим.

Вардар на оваа средба ќе влезе со осум победи во исто толку одиграни натпревари, додека пак Пелистер кој е зад него има скор од седум победи и едно реми.

Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ после вчерашната средба против Мелсунген го најави дербито и потенцира дека се фаворити.

ПретходноШкемби: Заслужено се пласиравме во четвртфиналето!
СледноВиктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија