Тиквеш со доказ му врати на Вардар за жалбата за Висдом!(ФОТО)

577

И тоа како е интересно во мак – фудбалот по жалбата на Вардар за наводен неправилен настап на фудбалерот на Тиквеш, Висдом Окере.

Вардар најави, а потоа и ги оствари најавите, официјално се жалеше до ФФМ. Веднаш потоа искочи со свој доказ и ГФК Тиквеш од кој се гледа дека сепак Окере има уредна лекарска документација.

No description available.

Сега навистина каде е проблемот? Ако веќе Окере немал уредна документација како тоа играл до сега? Зошто досега КОМЕТ не реагирал навреме?

Инаку интересно е тоа што Вардар не може да добие службена победа од 3:0 врз основа на жалба за немање на лекарско. Може да има санкции за клубот Тиквеш и самиот играч Окере, се разбира ако навистина Окереима неуредна лекарска документација. Вардар веќе го загубил натпреварот. Тоа останува да се види како ќе реагираат во ФФМ на жалбата на Вардар.

Тиквеш во најлош случај нема да оди понатаму ако се утврди дека има пркршување на правилникот за натпревари. Ако нема лекарско тогаш не можат да го стават во записник, тоа КОМЕТ автоматски го отфрла.

ПретходноМарковиќ пријави 35 ракометарки кои ќе конкурираат за конечниот список за ЕП
СледноГФК Тиквеш со соопштение во врска со жалбата на ФК Вардар за неправилен настап на Висдом Окере!(ФОТО)