Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во Истанбул (сала) со пораз во второто коло од Ралука Шербан од Кипар со 2-1 во сетови за два часа игра. Ова беше осми меѓусебен дуел на двете тенисерки и сега резултатот е 4:4 во победи.
Македонската тенисерка го доби првиот сет без загубен гем – 6:0. Но, во вториот сет спротивна слика и ривалката го освои сетот со 6:1 и се избори за решавачки сет.
Во третиот сет Шербан поведе со 5:2 во гемови, Ѓорческа намали на 5:4, но не успеа да се избори за продолжение на мечот откако противничката го доби следниот гем.
Македонската тенисерка следниот настап треба да го има на ИТФ турнирот во Ираклион.










