Лоша вест за селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски во пресрет на ноемврискиот циклус во Лигата на Нации. Имено дефанзивецот на Словачко, Андреј Стојчевски заработил повреда на препоните, па така ќе мора да паузира околу 4-6 недели.
Ова дефинитивно значи дека Стојчевски нема да биде меѓу оние фудбалери кои ќе конкурираат за составот за дуелите со Шкотска на гости (13.11) и со Словенија дома (16.11).
Колку за потсетување Стојчевски беше дел од нашата репрезентација минатиот циклус на тие четири меча во Лигата на Нации кога под водство на селекторот Гоце Седлоски забележавме четири порази без постигнат гол.










