ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЈА ПОДДРЖУВА УМЕТНОСТА: „НАБУКО” НА СЦЕНАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ

5

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко” од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината.

Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”.

„Набуко” е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero”, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода.

Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.

ПретходноЧупиќ: Неважни се Лино и Иван! Вардар секогаш е фаворит дома – тоа е во ДНК на клубот!
СледноМЗТ Скопје Аеродром му кажа збогум на тренерот Атанасов