Многу шпекулации се појавија во врска со продолжувањето на тренерската кариера на Дидие Дешамп. Од Олимпик Марсеј, Реал Мадрид и Саудиска Арабија, па сè до денешните информации за можно враќање во Италија.
Човекот кој на Франција ѝ ја донесе светската титула за многумина е интересно име на тренерскиот пазар. Можеше да се забележи на југот на својата земја како следи натпревари од пониските лиги и се одмора, додека во меѓувреме се шпекулираше дека сака да пронајде нов ангажман до Нова година.
Сега му се отвора таква можност, и тоа би било романтично враќање, слично како кога се зборуваше за Марсеј. Имено, италијанските медиуми го поврзуваат со Јувентус. „Старата дама“ игра топло-ладно од почетокот на сезоната, а вчерашниот пораз од Џенова дополнително го зголеми притисокот врз Лучано Спалети.
Поминаа 20 години откако Дешамп го предводеше Јувентус како тренер и го врати во Серија А по аферата „Калчополи“. Претходно, од 1994 до 1999 година, настапуваше за „бјанконерите“, забележа повеќе од 120 настапи и ги освои сите трофеи што можеа да се освојат.
Дешамп е магнет за трофеи, иако општиот впечаток е дека можеше и подобро да ја заврши работата како селектор на француската репрезентација.










