МЗТ Скопје Аеродром му кажа збогум на тренерот Атанасов

145
Фото: МЗТ Скопје

Предмалку екипата на МЗТ Скопје Аеродром објави дека се разделува со досегашниот тренер на екипата Васко Атанасов.

Менаџментот на клубот ја донесе оваа одлука по синоќешниот пораз во домашниот шампионат на гостувањето кај Струмица, неуспех кој што беше во редот на многуте кои „Штрковите“ ги нанижаа во последните неколку недели. Најголемиот дел од нив беа на меѓународна сцена, но очигледно дека на МЗТ Скопје Аеродром во моментов му е потребна промена од ваков тип.

Атанасов инаку го презема тимот во 2023 година и е најмладиот стратег во историјата на македонската кошарка кој што освоил шампионска титула.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЈА ПОДДРЖУВА УМЕТНОСТА: „НАБУКО” НА СЦЕНАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ
СледноДидие Дешамп го поврзуваа со многу клубови, но ова сега има најмногу логика?