„Штрковите“ со екстра засилување: Мекиќ се врати во МЗТ Скопје Аеродром

113

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска ги полни страниците на домашните медиуми. Откако му врачи отказ на досегашниот стратег Васко Атанасов, од Аеродром предмалку пристигна уште една „бомба“ информација.
Во тимот кам бек прави македонскиот кошаркарски репрезенативец Адем Мекиќ кој што потпиша нова верност кон тимот на МЗТ Скопје Аеродром во следните година и пол.

Ова за Мекиќ не е нешто ново затоа што тој по трет пат станува дел од „Штрковите“.

Претходно нашиот репрезентативец беше дел од МЗТ Скопје Аеродром во периодот од 2014-2017 односно 2020-2023.

По освојувањето на двојната круна во Хрватска со Задар и со огромно меѓународно искуство зад себе, Адем се враќа во Аеродром за да донесе цврстина, енергија и победнички менталитет во битките кои ни претстојат на домашната и регионалната сцена.

ПретходноОвој викенд започнува револуција во Ла Лига
СледноПолните трибини создаваат идни шампионки: Започнува кампањата „Навивај за неа“ за поголема поддршка на женскиот спорт