Миланското дерби за „росонерите“, прв пораз на Интер

175

Милан го доби големото градско дерби против Интер со 3:1, во натпреварот од 10. коло во италијанската Серија А, одигран на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ имаа фуриозен почеток и уште по десет минути водеа со 2:0. Кристијан Пулишиќ го отвори резултатот во четвртата минута, а Адриен Рабио ја зголеми предноста во 10. минута.

Интер успеа да намали преку Алесандро Бастони во 22. минута, но Милан повторно се одвои пред паузата. Диего Мореира во 43. минута го постигна третиот гол за домаќините и го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Милан стигна до 21 бод и се искачи на четвртото место, додека Интер останува втор со 25 бодови.

ПретходноСампдорија на пат за трета лига, навивачите бесни, транспаренти и смет пред куќата на спортскиот директор
СледноКаталонска канонада за враќање на врвот