Македонскиот фудбалски репрезентативец и интернационалец, Елмин Растодер се повеќе влегува во фокусот на јавноста во Грција. Почнува да погодува во противничките мрежи за неговиот тим Панатинаикос, нешто за што и беше доведен ова лето од тимот на Тун.
Нашиот репрезентативец се бори за што поголема минутажа на стартот на сезоната, добива шанса во сите конкуренции, и адекватно возвраќа.
грчката јавност нотира денеска дека Растодер е единствениот напаѓач на гигантот од Атина, кој што реализирал во сите конкуренции каде што Пао настапува сезонава.
Од домашниот шампионат, преку Купот на Грција, па се до квалификациите за настап во Европа, па потоа и во групната фаза од Лигата на Конференциите.
Растодер реализираше против Пакси, Кифисиа, Каират и Арис.
Според официјалната статистика на Панатинаикос, Растондер сега има четири гола на 15 настапи во сите натпреварувања, играјќи вкупно 521 минута.
Панатинаикос и Растодер викендов го играат дербито против АЕК на домашен терен. Мечот е закажан за утре во 18:30 часот.










