Тотенхем влезе во ритам, победа и над Кристал Палас

32
фото: Tottenham Hotspur (X)

Тотенхем ја забележа третата последователна победа во Премиер-лигата, откако на домашен терен го совлада Кристал Палас со 2:0 во натпреварот од деветтото коло. Избраниците на Роберто Де Зерби ја искористија бројчаната предност и стигнаа до нови три бода.

Клучниот момент се случи уште во 13. минута, кога Жан-Филип Матета доби директен црвен картон по опасниот старт и го остави Кристал Палас со десетмина. Тотенхем ја презеде иницијативата, а во 25. минута поведе со голот на Арчи Греј, кој беше прецизен со глава по асистенцијата на Мохамед Кудус.

Домаќините продолжија да напаѓаат и во второто полувреме, а предноста ја удвоија со погодокот на Јан Пол ван Хеке.

ПретходноГРК Охрид со цел плен од Куманово!
Следно„Дер Класикер“ заврши без победник, Баерн загуби тројца поради повреди