Попладнево се одиграа уште четири средби од 10.коло во ВМФЛ. Работнички како домаќин славеше убедлива победа од 3:1 против Беласица. Стрелци на головите беа Богданоски два и Стефановски еден. Со овие три бода тимот од Градски парк и натаму е трет на табелата.
Пелистер со 6:1 успеа да го прегази составот на Детонит во Битола. Битолчани покажуваат сила. Стрелци на головите беа Ивановски два, Христов, Пресилски, Стојанов и Тасев. За гостите стрелец беше Иванов.
Во соседското дерби Камјани го победи Тетекс со 3:1, а во Ѓорче екипите на Македонија ЃП и Осогово одиграа без победник 0:0.
РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО
Камјани – Тетекс 3:1
Македонија ЃП – Осогово 0:0
Пелистер – Детонит 6:1
Работнички – Беласица 3:1
ВЧЕРА
Еуромилк – Кожуф 1:3
Брера – Новаци 4:1
Шкупи – Охрид 0:3
ТАБЕЛА
Охрид 25, Пелистер 24, Работнички (-1) 21, Брера (-1) 18, Камјани 17…










