Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа собирот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со што официјално ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство во 2028 година.
Селекторот Кирил Лазаров ги собра репрезентативците пред првиот предизвик во квалификацискиот циклус – дуелот со Луксембург, кој е закажан за 4 ноември, со почеток во 19 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.
Македонија ќе има можност пред домашната публика да го отвори патот кон нов настап на континенталниот шампионат. На првиот собир се појавија најголем дел од повиканите ракометари, без оние од екипите на Вардар и Пелистер кои денеска го играат големото македонско дерби.










