Столе блескаше, неговата Валенсија со победа кај Елче!(ВИДЕО)

179

Се играше 90+4.минута при резултат 0:1 за Валенсија на гости кај Елче. И тогаш супер одбраната на Столе Димитриевски кој со тоа успеа да ја спаси победата на Валенсија. И пред таа одбрана во судиското продолжение тој имаше неколку одбрани и успеа да ја сочува својата мрежа.

Со ова македонскиот голман уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите чувари на мрежата во Ла Лига.

Нема што, браво за Столе Димитриевски кој покажа дека е во врвна форма сезонава во една од најсилните лиги во светот.

Инаку победничкиот гол беше дело на Садик во 69.минута.

ПретходноМКК Куманово со убедлива победа против Кожув
СледноВан Дајк гневен по дербито: Има 50 камери…како никој не виде чист пенал за Ливерпул?!(ВИДЕО)