Судиска анализа: Пеналот за Брегалница беше оправдано досуден!

114
ФОТО: ФФМ.МК

По мечот во Штип, каде Шкендија (Т) успеа со 1:2 да слави кај Брегалница со соопштение се огласи и Судискиот одбор.

“Во 74. минута, Шкендија постигна регуларен гол. Во моментот на упатувањето на додавањето, стрелецот се наоѓаше во дозволена позиција, без елементи за офсајд. Одлуката беше детално проверена и потврдена од ВАР.

Во 91. минута следуваше уште една клучна ситуација. По ударот кон голот во шеснаесетникот на Шкендија, топката ја погоди раката на противничкиот одбранбен играч, која не беше во природна положба. Станува збор за оправдана одлука за досудување пенал, која исто така беше потврдена од ВАР. Дополнително, и во акцијата што му претходеше на пеналот, играчот на Брегалница, кој го упати додавањето кон соиграчот, се наоѓаше во дозволена позиција, без елементи за офсајд. И оваа ситуација беше проверена и потврдена од ВАР.

Во двете најзначајни ситуации, одлуките на судиската екипа беа исправни. И голот во 74. минута и пеналот во 91. минута имаа регуларна основа, а ВАР со своите проверки дополнително ја потврди исправноста на донесените одлуки.

Без интервенција на ВАР и со одлично судење помина и првиот денешен натпревар меѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш.

ПретходноТиквеш рутински до победа кај Младост
СледноМКК Куманово со убедлива победа против Кожув