Тиквеш рутински до победа кај Младост

27

Очекувано и без никакви проблеми ракометарите на Тиквеш вечерва во меч од 9.коло славеа кај Младост на гости со 18:25. Ова значи дека тимот од Богданци сеуште нема победа во изминатиот дел од сезоната.

Инаку кавадарчани уште на стартот покажаа кој е кој. Во 14.минута имаа водство од 3:5 а на крајот од полувремето имаа водство од 4:10. Ова значи дека домашните ракометари во оваа фаза од средбата успеале да постигнат само 4 голови.

Во продолжение се беше само рутина за да на крајот заслужено дојдат до петтата победа сезонава во ракометната Суперлига.

Кај победничкиот тим Ончев со 10 голови имаше забележителен настап, додека кај домашните Андоновски запиша 7 голови.

ПретходноЧупиќ: Квалитетот на Вардар дојде до израз
СледноСудиска анализа: Пеналот за Брегалница беше оправдано досуден!