Чупиќ: Квалитетот на Вардар дојде до израз

490

Секако дека по мечот стратегот на Вардар, Иван Чупиќ беше задоволен од победата, од играта како и од атмосферата во “Јане Сандаснки“ во Скопје на мега – дербито против Пелистер.

Тој кажа дека секогаш е тешко да се играат вакви мечеви, ама сепак на крајот одлучувачки бил квалитетот на неговиот тим:

„ Дербито секогаш е тешко, полно со тензија, емоции. Се виде во првиот дел дека ни требаше малку повеќе да влеземе во некоја наша натпреварувачка температура, имавме три разлика, но во вториот дел видов подобра одбрана, фокус, транзиција. Заслужени два бода, до финишот игравме без стрес и нервоза.Пред мечот кога ги гледам играчите полн сум со оптимизам, но никогаш не се поставуваме дека сме над некого. Знаевме дека ако одиграме добар меч, фокусирана одбрана, ривалот ќе падне. Нашиот квалитет дојде до израз. Е, сега, дали е реално седум, девет или 12 разлика, не е важно, важно е дека покажавме дека сакаме да ја одбраниме титулата и во нашата сала да бидеме на ниво. Сакам да продолжиме со иста скромност и мотивација. Со секој ривал мора да имаме ист ден“ посочи тренерот на Вардар и додаде:

“Атмосферата беше одлична, имавме тежок месец зад нас, сакавме можеби малку и ненормални работи, тоа беше да ја минеме групата во ЛШ. Бевме тажни, заради навивачите, затоа што три меча имавме врвна атмосфера, ама не им се оддолживме. Се надевам дека ни простуваат со оваа победа. Енергијата и поддршката многу значи. Сакам кога мојот тим живее со публиката. Спортот е емоција, секој мора да доживее вакви моменти во кариерата.“, изјави Чупиќ.

ПретходноКузмановски:Честитки за Вардар, некои играчи на Пелистер треба да се замислат како играат!
СледноТиквеш рутински до победа кај Младост