Гогов испрати моќна порака по дербито: Вардар е семејство, „Јане“ е нашиот дом!

69
Фото: „Реално, многу важна победа. Само едно ќе кажам, ние во Вардар сме семејство, „Јане Сандански“ е нашиот дом. Кога играме дома сме секогаш фаворити, тоа сега го покажавме. Знаевме дека ќе биде тешко во дербито, но не очекувавме толку висока разлика. Чупиќ од нас побара карактер, борбеност и енергија. Се надевам дека го исполнивме бараното“, изјави Гогов.

Капитенот на Вардар, Васил Гогов, имаше уште една одлична вечер на голот на својот тим. Можеби шесте одбрани не изгледаат многу како бројка, но сите дојдоа во вистински момент. Гогов имаше и една интервенција од седум метри, а постигна и еден гол, и тоа на празна мрежа.

Гогов не го криеше задоволството од крајниот епилог на дуелот против Пелистер и убедливата победа од 31-23. Воедно, откри што побарал Иван Чупиќ од ракометарите пред дербито.

„Реално, многу важна победа. Само едно ќе кажам, ние во Вардар сме семејство, „Јане Сандански“ е нашиот дом. Кога играме дома, секогаш сме фаворити, тоа сега го покажавме. Знаевме дека ќе биде тешко во дербито, но не очекувавме толку висока разлика. Чупиќ од нас побара карактер, борбеност и енергија. Се надевам дека го исполнивме бараното“, изјави Гогов.

Вардар остана лидер на табелата со скор од девет победи во исто толку одиграни натпревари.

ПретходноГаје и Марко по мечот во Штип: Многу сме среќни што помогнавме Шкендија да победи!
Следно“Суперкласико“: Бока победнички против Ривер!