ПМФЛ: Брегалница најавува голема битка против лидерот

54
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Попладнево од 14.30 часот спектакл во Штип. Се среќаваат Брегалница и Шкендија. Штипските “сини“ најавуваат голема битка иако и самите се свесни дека нема да биде лесно против лидерот на табелата, посебно ако се знае како и на кој начин беа елиминирани во Купот на Македонија во средата во Ѓорче.

Од друга страна составот на стратегот Мијалче Прошев сепак покажа дека знае да победува, тука мислиме на последниот меч во ПМФЛ кај Арсими со 3:4.

Шкендија денеска мора да освои бодови ако сака и по ова коло да биде лидер. Тетовци во пресрет на ова гостување имаат 24 бода, Струга ТЛ 23 а Вардар 21 бод, а утре играат Вардар и Струга ТЛ на ФФМ. Па така ако не слават денеска постои голема веројатност дека ќе мора да го препуштат врвот.

Но, јасно е дека тоа не е опција за тимот на тренерот Артим Положани. Иако во последните кола, поточно во септември и октомври, Шкендија не е во така добра форма како во првите пет кола кога имаше „пет од пет“, но се чини дека и ваква Шкендија тешко е да ја победиш.

Сепак “сините“ веруваат во себе, ја очекуваат поддршката од трибините и најавуваат како што веќе рековме голема битка.

Да кажеме и тоа дека Положани денеска сигурно нема да смета на повредениот Дрилон Ислами за кого заврши полусезоната, но веројатно и на репрезентативецот Анес Мелиќи кој почувствувал физичка непријатност како што велат од таборот на тетовци.

ПретходноРој Кин без влакна на јазикот за Манчестер Јунајтед
СледноМурињо: Јас сум дефанзивен тренер со 100 бодови и 120 голови!