Брегалница – Шкендија 1:1 по првите 45.минути од попладневниот меч од 2.коло во ПМФЛ.
Тетовци рано поведоа со голот на Ндзенгуе уште во 3.минута, имаа гостите шанси и за 0:2 преку Криезиу и Тамба, но Брегалница како што одминуваше времете играше се подобро, па така откако пропушти неколку можности, Стојкоски со прекрасен гол во 39.минута успеа да го совлада Гаје и да израмни на 1:1.
Резултат со кој се замина на одмор.
Шкендија повторно не воодушевува со својата игра, а тоа во продолжение од средбата може да го искористи домашниот состав. Далеку е ова од шампионско издание на Шкендија (Т).















