Се одржа првиот ракометен турнир за помлади пионери!

32
Во спортската сала „Расадник“ во Скопје, во организација на Ракометната федерација на Македонија, се одржа ракометен турнир за помлади пионери (У13) од Скопскиот регион.
Турнирот помина во одлична спортска атмосфера, исполнета со натпреварувачки дух, дружење и голема желба за докажување на младите ракометни надежи.
РЕЗУЛТАТИ ОД ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ:
РК Алкалоид – РК Топка Аеродром 15:20
РК Пролет 62 – РК Топка Лисиче 20:03
РК Македонија Ѓорче Петров 2 – РК Топка Кисела Вода 03:18
РК Алкалоид – РК Топка Лисиче 24:02
РК Топка Аеродром – РК Топка Кисела Вода 21:09
РК Македонија Ѓорче Петров 2 – РК Пролет 62 04:23
РК Илинден – РК Карпош 2 17:14
РК Македонија Ѓорче Петров 1 – РК Шампион 15:12
РК Илинден – РК Топка Карпош 1 17:13
РК Топка Карпош 2 – РК Шампион 05:10
РК Македонија Ѓорче Петров 1 – РК Топка Карпош 1 17:09
„Ракометната федерација на Македонија упатува честитки до сите учесници за покажаната борбеност, фер-плеј игра и спортски дух, како и благодарност до тренерите, клубовите и сите кои придонесоа за успешната реализација на турнирот.
Во наредниот период вакви турнири ќе се организираат и во останатите региони низ државата, со цел развој и промоција на ракометот кај најмладите категории“, рекоа од РФМ. 

ПретходноПМФЛ: Бод за Шкендија (А), бод за Тиквеш (ФОТО)
СледноГазели Волеј и Наковски Волеј единствени со 100% ефект по три кола