Тренерот на Струга ТЛ по победата во дербито: Браво за момците, ја заслужија победата!

119

Без некоја посебна еуфорија во таборот на Струга ТЛ по победата во дербито кај Вардар со 0:1, со голот на Радески. Сепак стружани се голем клуб за наши услови и јасно е дека победа си е победа, три бода си се три бода, дали против Вардар или против Скопје, сеедно.

Сепак тренерот на стружани Бледи Шкемби не го криеше своето задоволство по освојувањето на трите бода денеска на ФФМ:
“Многу важна победа за моралот на тимот, но и за фактот дека победата против директните противници е многу важна. Сакам да ги пофалам момците за тоа како одиграа, секако и за победата направија. Овие 3 бода се целосно заслужени.“ посочи Шкемби и додаде…
„Многу сум задоволен од победата, го кажав тоа, сега и ќе го повторам. Момците ги дадоа своите души на теренот и се справија со многу тешки ситуации во текот на играта.“ заврши тренерот на Струга ТЛ.

ПретходноЏејмс Милнер го трчаше маратонот во Њујорк
СледноУжасни сцени во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе остана без свест!(ВИДЕО)