Катастрофален скор: Вардар нема победа, нема ни гол против ривалите за титулата!

135

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Можеби во следниот период од сезоната ќе има некои поместувања, ама барем засега само три екипи се во битката за титулата. Тоа се Шкендија, Струга ТЛ и Вардар. Шампионот по денешниот пораз од стружани има -6 бода од лидерот Шкендија и -5 од втората Струга ТЛ.

Интересно. Невидена БЛАМАЖА. КАТАСТРОФАЛЕН скор има шамионот против овие две екипи во досегашниот дел од сезоната. Четири меча и само едно реми и три порази, а нема постигнато гол.

Значи Вардар е “силен“ само кога игра со послаби екипи од себе, ама кога ќе наиде на некој организиран тим, квалитетен тим, како што тоа денеска беше Струга ТЛ не само што не знае што е победа, туку не знае што е гол.
Па така Вардар дури 360 минути е без гол против Шкендија и Струга ТЛ.

Во 2.коло дома загуби од Шкендија со 0:2, потоа во 3.коло беше поразен од Струга ТЛ во Струга со 1:0. Следуваше мечот со Шкендија во Гостивар во меч од 11.коло кога беше 0:0, за да еве денеска во меч од 12.коло Вардар дома беше поразен од Струга ТЛ со 0:1.

Вкупно тоа се 4 меча без победа, со едно реми и три порази и цели 360 минути без постигнат гол.

СРАМНО од еден шампион….

ПретходноЧурлинов уште во 5.минута “стрела“ за Погон (ВИДЕО)
СледноКонечно малку и добри вести за Баерн Минхен