Табела после 12.коло: Струга ТЛ му избега на Вардар, сега и Тиквеш е пред шампионот, Шкендија (Т) и натаму е лидер

201

Со дерби мечот на ФФМ во Скопје на кој Струга ТЛ го победи Вардар со 0:1, сега некои работи на врвот стануваат појасни. По двата порази на свој терен, од Тиквеш во Купот и од Струга ТЛ, и дефинитивно овој Вардар е далеку од шампионски Вардар. Ако некои работи не се променат набргу, овој клуб тешко дека ќе ја “види“ Европа следното лето што секако дека би било КАТАКЛИЗМА од невидени размери за сите во тој клуб. Тука во тој кош не ги ставаме фановите на ФК Вардар кои и натаму не можат да го смислат тој што раководи со клубот.

Ако се погледне табелата по 12.коло веднаш се забележува дека Струга ТЛ му побегна на Вардар со +5 бодови. Шкендија и натаму е лидер со +6 бодови пред шампионот, а срамот да биде уште поголем за Вардар е тоа што сега не е ниту трет, тоа е Тиквеш.

Следуваат Силекс со 17, Шкендија (А) со 15, Брегалница со 13 бодови. Најдолу се Арсими и Башкими кои имаат по 10 бодови и Скопје кој е со 3 бода и тоа без победа.

ТАБЕЛА

1.Шкендија (Т) 27

2.Струга ТЛ 26

3.Тиквеш 21

4.Вардар 21

5.Силекс 17

6.Шкендија (А) 15

7.Брегалница 13

8.Арсими 10

9.Башкими 10

10.Скопје 3

ПретходноУжасни сцени во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе остана без свест!(ВИДЕО)
СледноИлиевски прозиваше: Собир на машката младинска селекција!(ФОТО)