Тео Симиќ имаше фантастично деби во НЦАА лигата. Македонецот беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим Тексас Арлингтон против Норт Тексас Далас со 89:56.
Македонскиот центар во игра беше 18 минути и притоа реализираше 16 поени и забелжа девет скокови.
За Тео Симиќ ова е прво искуство во САД, откако претходно беше дел од младинската школа на Барселона, потоа и во тимот на Прат во втората шпанска лига.
Имаше куса авантура во БиХ, а во домашниот шампионат беше во екипите на ТФТ и Кожув.










