Еве зошто Македонија е апсолутен фаворит против Луксембург!

54

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ започнува нов квалификациски циклус за пласман на големо натпреварување, овој пат за Европското првенство 2028 година. Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници за противници ги имаат Луксембург, Грција и Шведска.

Првата пречка е Луксембург, а Македонија во овој дуел влегува како голем фаворит. Традицијата е на страната на нашата селекција, која ги добила сите шест досегашни меѓусебни натпревари.

Последен пат Македонија славеше против Луксембург во 2023 година, кога на гостински терен победи со 23:28 (12:14).

Пред почетокот на натпреварот ви издвојуваме неколку интересни факти:

• Македонија го брка деветтиот последователен и вкупно десетти настап на завршен турнир на Европско првенство.

• Петтото место освоено на ЕП 2012 година и понатаму е најдобриот пласман на Македонија на континенталните шампионати.

• Македонија ги добила сите шест досегашни меѓусебни натпревари против Луксембург. Победата од 28:23 во последната средба во 2023 година беше најтесна.

• Луксембург досега никогаш не настапил на завршен турнир на Европско првенство. За оваа селекција ова е трет настап во втората фаза од квалификациите.

Во рамките на оваа ЕХФ-недела, Македонија ќе одигра уште еден натпревар, против Грција, но на гостински терен. Средбата е закажана за 8 ноември 2026 година.

ПретходноЛазаров одбра за дуелот со Луксембург!
СледноМЗТ Скопје и ТФТ по прва радост на меѓународна сцена