Кузмановски: Ова беше добро загревање за мечот со Грција

143

Со четири постигнати гола, капитенот Филип Кузмановски и денеска против Луксембург беше лидер меѓу стрелците во нашата репрезентација. Високата победа над аутсајдерот е само најава за главниот меч, оној в недела со Грција.

„Мислам дека овие два меча се многу важни. Имавме задачи како треба да играме, како да ги искористиме грешките на Луксембург, но сепак, фокусот е на Грција. Денеска сите го дадоа својот максимум, влеговме во добра ротација и мислам дека не сме многу заморени. Имаме уште три дена да се спремиме, добри сме, вака треба да изгледа Македонија, со добра одбрана, со добра транзиција. Оваа Македонија ветува, но одиме чекор по чекор. Се надевам дека ќе се радуваме, имаме квалитет кој треба да го покажеме и во иднина“, вели капитенот Кузмановски.

ПретходноЛазаров: Честитки за момците, против Грција мораме да бидеме спремни на сите можни сценарија!
СледноФОТО ВЕСТ: Хориха веќе ги освои срцата на македонските навивачи