Младинска ЛШ: Хофенхајм покажа сила против Брера!

94

Младите фудбалери на Брера се елиминирани во 2.квалификациско коло во Младинската Лига на Шампионите. Тие и вечерва во Германија, на возвратниот меч беа поразени од силниот Хофенхајм, овојпат со 9:0, па така со вкупни 0:12 ја завршија оваа одисеја во фудбалска Европа.

Јасно беше и пред двомечот кој ќе оди во следната фаза, посебно по оние 0:3 во Струмица за Германците, но сепак ретко кој помислуваше дека струмичани вечерва ќе примат толку голови.

Сепак Хофенхајм покажа сила, одигра во германски стил и на крај се задоволи со осум погодоци во мрежата на нашиот европски претставник.

Веќе во 11.минута домашните водеа со 2:0 и тоа беше аларм за струмичани дека ги чека тешка вечер во Хофенхајм. На пауза се замина “само“ со 4:0.

Се чинеше дека Германците ќе го намалат темпото и ритамот, ама ништо од тоа, напротив. Во второто полувреме уште петпати ја тресе мрежата на струмичани за конечни 9:0.

Брера на овој меч едноставно немаше никакви шанси барем да се обиде да покаже дел од своите квалитети.

ПретходноТиквеш ја прифаќа одлуката на ФФМ!
СледноТФТ се враќа со нов убедлив пораз во АБА 2