Откако ФФМ, односно надлежните го регистрираа мечот Вардар – Тиквеш со 3:0 службено, со реакција се јави и клубот од Кавадарци:
ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ДО НАВИВАЧИТЕ, ЛУБИТЕЛИТЕ НА ГФК ТИКВЕШ И ЦЕЛОКУПНАТА СПОРТСКА JABHOCT
Почитувани навивачи, лубители на ГФК Тиквеш, граѓани на Кавадарци и спортски пријатели, ГФК Тиквеш ja информира јавноста дека ja прифаќа одлуката донесена од Фудбалската федерациа на Македонјиа во врска со утврдената техничка грешка. Како клуб со долгогодишна традициа, богата историја и голема одговорност кон своите навивачи и градот Кавадарци, сметаме дека е наша обврска да постапуваме транспарентно, одговорно и во согласност со фудбалските прописи. Свесни сме за сериозноста на настанатата ситуација и за незадоволството што таа го предизвика кај нашите навивачи и поддржувачи. Клубот нема да бара оправдувања надвор од сопствените редови, туку целосната одговорност за направениот административен пропуст ќе ja бара во сопствените структури.
Во таа насока, раководството на ГФК Тиквеш ќе преземе конкретни мерки и ќе изврши промени во административниот сегмент кој е задолжен за водење, подготовка и контрола на официјалната документација и процедурите поврзани со натпреварувањето. Нашата цел е ваквите пропусти никогаш повеќе да не се повторат, а работењето на клубот да биде на ниво што го заслужуваат името, традицијата и угледот на ГФК Тиквеш. Им се заблагодаруваме на сите навивачи и искрени поддржувачи за нивната верност, поддршка и лубов кон клубот. Ги разбираме нивните реакции и очекувана и уверуваме дека ГФК Тиквеш ке продолжи да работи посветено на заштита на клупските интереси и достоинствено претставуване на Кавадарци.
ГФК ТИКВЕШ Е ПОГОЛЕМ ОД СЕКО ПОЕДИНЕЦ. ОДГОВОРНОСТА Е ОБВРСКА, А КЛУБОТ МОРА ДА ПРОДОЛЖИ НАПРЕД ГФК ТИКВЕШ










