Трпевски донесе Лига на шампиони победа за Црвена Звезда (ВИДЕО)

159

Македонскиот младински репрезенаттивец, Лука Трпевски е стрелец за неговиот тим Црвена Звезда во рамките од денешното коло од младинската Лига на Шампиони.

Тој со својот тим беше подобар од словенечки Браво на свој терен, а Трпевски го постигна единствениот гол на овој меч.

Одлично реагираше на една одбиена топка и реализираше во почетните минути од дуелот.
Па така, Црвена Звезда со вкупни 2:0 по двомечот со Браво заминува во третото квалификациско коло во кое што ќе се сретне со австрискиот претставник Ред Бул Салзбург.

ПретходноКаква коинциденција…. последниот гол за Македонија го даде токму Бојан Миовски
СледноПотврдени се лошите вести за Барса: Родри три недели во „аут“!