Леклер има убава причина зошто ќе доцни во Бразил!

26
ФОТО: Formula 1/FB

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, и неговата сопруга Александра станаа родители, и токму тоа е причината зошто тој подоцна ќе доцни во Бразил на ГН на оваа земја.
Леклер уште порано објави дека по трката во Мексико Сити, ќе отпатува во Кнежевството за да присуствува на раѓањето на своето прво дете, а новите родители ја потврдија среќната вест во среда. Во заедничка објава на Инстаграм, Александра и Шарл објавија дека Бјанка е родена еден ден порано. Честитки веднаш почнаа да пристигнуваат од различни страни, а Пјер Гасли и Оскар Пјастри беа меѓу првите што објавија, како и од Ферари и Мерцедес.
Патем, Леклеркстана петтиот татко меѓу актуелните возачи во Формула 1, по Серхио Перез, Ник Хилкенберг, Макс Верстапен и Фернандо Алонсо.

Отсуството на Леклер од почетокот на тркачкиот викенд за Големата награда на Бразил беше објавено претходно, а тој треба да се појави на „Интерлагос“ во петок попладне – ќе го пропушти првиот тренинг, кога неговиот автомобил ќе го преземе Дино Бегановиќ.
Патем, Леклер беше во центарот на контроверзиите минатиот викенд поради дискутабилниот судир со совозачот Луис Хамилтон на почетокот од Големата награда на Мексико, што сигурно го чинеше победа Ферари. Седумкратниот светски шампион заврши втор, зад Макс Верстапен во автомобил на Ред Бул, додека Леклер беше четврти, но во центарот на вниманието беше Кими Антонели, кој ја обезбеди титулата благодарение на третото место.

ПретходноАрис претрпе прв пораз, Нено заврши двоцифрен
СледноАстон Вила и Емери се договориле за ново продолжување на соработката