Анализа: Ајнтрахт Ф. се „доктори“ за правење пари на фудбалери

65
фото: Eintracht Frankfurt @Eintracht (X)

Ајнтрахт Франкфурт е клубот чии фудбалери забележале најголем раст на вредноста во последните пет години, покажува најновата анализа на Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС). Германскиот клуб е на врвот на рангирањето со вкупен позитивен биланс од 527 милиони евра.

Од оваа сума, 293 милиони евра се однесуваат на зголемената вредност на фудбалерите кои во меѓувреме го напуштиле клубот, додека преостанатите 234 милиони евра се проценетиот раст на вредноста на играчите кои сè уште се дел од тимот.

На второто место е Реал Мадрид со 526 милиони евра, само милион помалку од Ајнтрахт, а следуваат Пари Сен Жермен со 490, Бенфика со 488 и Манчестер сити со 447 милиони евра. Во Топ 10 се и Штутгарт, Виљареал, РБ Лајпциг, Унион Сен Жилоа и Аталанта.

Анализата ги споредува трансферните суми платени за ангажираните фудбалери со приходите од нивната продажба, односно со нивната актуелна проценета вредност доколку сè уште се во клубот.

ПретходноСупер-дербито за шампионот: Маратонски прв сет во Струмица, победа во четири сета за Штип УГД
СледноТопурија: Ако брат ми не ја прекинеше борбата со Гејџи, ќе останев слеп!