В недела со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби од новото коло во шпанската Примера во кое што ќе се сретнат екипите на Атлетико Мадрид и Барселона.
Каталонците се подготвени за овој мега дуел, како и домаќинот. Гостите имаат повод за радост затоа што Ерик Гарсија според последните информации го издржал последниот тренинг и ќе патува за Мадрид.
Доколку пак го одработи и утрешниот тренинг целосно, тој би требало да се најде и во стартниот тим како што јавуваат локалните медиуми.
За Барса е многу важно да се добие овој меч затоа што веќе сезонава се загубени два дерби меча. Против ПСЖ во ЛШ односно против Реал Мадрид во Примера.










