НБА станува се „помлада“: Ветераните ја губат минутажата од оние под 25 години

38

Најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА станува сè помлада. Во сезоната 2025/26, дури 40,5 проценти од вкупната минутажа во НБА им припадна на кошаркарите помлади од 25 години, додека играчите на возраст од 30 и повеќе години учествуваа со само 19,8 проценти.

Трендот на подмладување трае со децении. Пресвртот се случи во првата деценија од овој век, кога младите играчи за првпат ги надминаа ветераните според вкупната минутажа. Оттогаш разликата постојано се зголемува, а во последната сезона кошаркарите под 25 години добиле двојно повеќе минути од оние над 30 години.

Промената е видлива и во плејофот, каде што искуството традиционално имало поголема тежина. Во 1998 година, играчите над 30 години учествувале со 50,6 проценти од минутажата, наспроти само 11,4 проценти за кошаркарите под 25 години. Во плејофот во 2026 година, младите имале 34,6 проценти, а ветераните 22,8 проценти.

И покрај тоа што Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент и понатаму настапуваат на највисоко ниво, тие се исклучоци од генералниот тренд.

ПретходноТри недели откако ја скрши вилицата, Мартинез се враќа на голот на Челзи
СледноСупер-дербито за шампионот: Маратонски прв сет во Струмица, победа во четири сета за Штип УГД