Душица Брсалиева освои злато на Грција опен Е1!

30

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева оствари одличен успех на меѓународниот турнир „Грција опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал во јуниорска конкуренција до 55 килограми.

Репрезентативката на Македонија и членка на ТК Штип имаше беспрекорен настап, забележувајќи четири победи во четири борби, сите против домашни натпреварувачки од Грција.

Брсалиева до златото стигна без загубена рунда, победувајќи ги Талеја Варсу во осминафиналето, Константина Алексио во четвртфиналето, Ефтихија Дермани во полуфиналето и Ифигенеа Кумуди во финалната борба.

Сите четири противнички ги совлада со идентични 2:0 во рунди, потврдувајќи ја својата доминација во категоријата.

ПретходноЗатоа се хит: Комо купува евтино и прави нови фудбалски милионски ѕвезди
СледноЏеј Џеј Габриел слета во Мадрид: Мојот сон е да ја освојам Златната топка