Струга ТЛ – Шкендија 1:0 е исходот од големото дерби на 13.коло во ПМФЛ. Победничкиот гол беше дело на Христијан Малески во 73.минута кога прекрасно биеше со глава за голема победа. Сега Струга ТЛ е лидер со 29 бодови со +2 пред Шкендија.
Голема битка многу шанси на двете страни, но сепак Малески го реши дербито за голема, голема победа на стружани кои сега имаат “седум од седум“ дома и без примен гол.
Интересно дерби, во кое Струга ТЛ знаеше како да одигра за победа, како да дојде до трите бода. Шкендија имаше свои шанси, интересно судијата Трпчевски во два наврати покажа на белата точка, прво на почетокот од мечот по дуелот на Бојку и Красниќи, а потоа и по наводното играње со рака на Шабани, но и по гледањето на снимките се одлучи да ја промени својата одлука.
Тетовци во поголем дел од дербито беа поактивни, можеби имаа и повеќе шанси, посебно на почетокот од второто полувреме, но домашниот голман Василев покажа класа и го спаси својот гол.
Следуваше прекрасна акција по десната страна во таа 73.минута која со прекрасен гол ја заврши Малески за водство од 1:0, за голема победа, за три бода со кои сега Струга ТЛ е лидер.















