Хесус Овоно размислува за крај на кариерата

53

Голманот на Екваротијална Гвинеја, Хесус Овоно, и човекот кој што беше вмешан во сериозниот инцидент во втората шпанска лига по што трагично почина играчот на Тенерифе, Хесус де Мигел, сериозно размислува да заврши со професионалното бавење фудбал.

Тој според извои блиски до неговото семејство е во сериозно тешка психолошка состојба, и во моментов се чувствува много лошо.

Ана Маје, координаторка во Фудбалската федерација на Екваторијална Гвинеја и негова блиска пријателка даде изјава за јавноста.

„И покрај сите наши напори да го смириме, тој продолжува да биде длабоко тажен. Особено го потресува помислата на детето на Хесус де Мигел, кое има само година и пол, и неговата вдовица. Тој не знае како да се справи со сето ова“, вели Маје.

ПретходноПобедничко селфи: Струга ТЛ е лидер, Струга ТЛ урива рекорди!
СледноЗакариќ роденденски му донесе победа на Вардар во Кратово (ВИДЕО)