Македонија со Далија Стојановска за првпат со свој учесник на ЕП во велокрос!(ФОТО)

0

На денешното Европско првенство во велокрос, кое се одржа во Зедам, Холандија, во јуниорска конкуренција, Македонија ја имаше својата претставничка Далија Стојановска тоа за првпат.

На исклучително моќна велокрос патека, со песочни делници, технички препреки и силна конкуренција од најдобрите европски велосипедистки, Далија ја заврши трката на 46. место.

Под водство на селекторот Милан Нацевски, ова учество претставува важен чекор за македонскиот велокрос и драгоцено меѓународно искуство за нашата млада велосипедистка.May be an image of scooter, bicycle and segwayMay be an image of bicycle and text

May be an image of bicycle and text

May be an image of text

ПретходноОдегард му донесе уште еден триумф на Арсенал