Серафимов: Ќе има многу адреналин и голема борба до крај

100

Македонските ракометари се веќе во Грција очекувајќи го утрешниот дуел од втората рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во очекување на дуелот, Мартин Серафимов најавува уште еден натпревар со голема борба.

„Натпреварот со Луксембург ни беше добро загревање за следниот меч, со Грција на гостински терен. Одигравме добро и сериозно на домашен терен, повторно го почувствуваме набојот што го носи играњето за репрезентацијата. Сега ни следи Грција, ќе биде тежок натпревар, можеби ќе има притисок, тие имаат добар тим и одиграа добро во баражот со Холандија и двапати ја победија. Но, знаеме како е, сѐ се сведува на тоа борба, борба, борба… Не можам да го објаснам чусвството, но кога ќе го облечеш дресот, кога ќе истрачаш на терен… одеднаш сите се полниме со адреналин кога треба да играме за Македонија“, изјави Мартин Серафимов во пресрет на дуелот од второто коло што во недела ќе се игра во Халкида.

Дуелот во Халкида утре стартува од 16 часот.

ПретходноПовторно се повреди: Осимен оди на нова операција
СледноЗатоа се хит: Комо купува евтино и прави нови фудбалски милионски ѕвезди