Екипата на Брегалница успеа да одработи борбено реми во Куманово и во дуелот од 13. коло од ПМФЛ шампионатот денеска да одигра 1:1 против домаќинот Башкими.
Иако домаќинот имаше водство во поголемиот дел од мечот, сепак, на крај Брегалница успеа да израмни и да се избори за злато вреден бод во оваа ситуација.
Башкими поведе со убавиот гол со глава на Јахаја Фавзи кој што реализираше по одличниот центаршут од лево. Дефанзивата на Брегалница не реагираше како што треба, и нигериецот ја затресе мрежата на Јашар.
Во второто полувреме Брегалница се обиде да врати и успеа во тоа. По нафрлувањето на вториот дирек, од тешка ситуација, одлично со глава реагираше Иван Николов, кој што ја врати топката на петерецот, а таму домашните несмасно реагираат, што користи како ситуација Натаниел Маское. Реализира до левиот голманот дирек за 1:1.
Потоа ниту едните ниту другите имаа храброст, а очигледно и сила да тргнат по победата, па ремито и овие 1:1 се најреален развој на настаните.
Брегалница е седма со 14 бодови, додека пак Башкими е првиот тим во зоната за испаѓање, односно е осми со 11 поени на контото.















