Работнички и натаму реди победи. Вечерва во својата сала во “Градски Парк“, успеа да го победи и Кожув со 83:80 и со тоа да остане перфектен, ова е шеста победа за Работнички во исто толку одиграни мечеви од стартот на сезоната.
Сепак не беше нималку лесно, напротив. Кожув и тоа како покажа дека има квалитет, едноставно никако не го оставаше фаворитот на хартија да се одлепи резултатски.
Првиот период го добија домашните со 28:25, следуваше удар на гевгеличани со 16:18, а потоа и во третиот период со 18:21.
Потоа драма во самиот финиш. На нешто помалку од една минута до крајот резултатот гласеше 78:78, но на 32 секунди до крајот домашните поведоа со 80:78.
Во последните секунди гостите не реализираа за три поени а Говенс со две успешно изведедени слободни донесе +4. Сепак гостите вратија со два брзи поени, но ни тоа не беше доволно, иако на 83:80 имаа шут за три поени, но не реализираа.
Рикич кај домашните запиша 27 поени, додека кај гостите најефикасен беше Армстонг со 20 поени.













