Наполи го сопре лидерот Лацио

1

Тимот на Наполи успеа попладнево на свој терен пред преполни трибини и прекрасна атмосфера да одигра 1:1 против лидерот на Серија А конкуренцијата во моментов, тимот на Лацио и на тој начин да освои супер бод што се вели.

Иако во моментов Лацио е во одлична форма, има освоено огромен број на бодови, има серија од победи во домашниот шампионат, сепак, денеска Наполи успеа да одигра на потребното ниво.

Возбудувањата на овој дуел ги најави Фратези кој што погоди во домашната мрежа во 27. минута за гостинско водство од 0:1.

На спротивната страна пак домаќинот имаше среќа да дојде до израмнување затоа што во 48. минута, на стартот на вториот дел Педраза си постигна автогол.

Потоа и обата тима имаа по неколку ситуации за нов гол, но мрежите повеќе не се затресоа.

Лацио секако и натаму е лидер со 29 поени по единаесет мечеви, додека пак Наполи е десетти со 15 поени на контото.

 

ПретходноБрегалница со бод се враќа од гостувањето кај Башкими