ПМФЛ: Ќе биде “жешко“ во Гостивар – Арсими против Шкендија Арачиново

28

Последниот меч од 13.коло во ПМФЛ се игра денеска од 13 часот на Градскиот стадион во Гостивар во кој се среќаваат Арсими и Шкендија Арачиново. Тоа се две екипи кои може да се каже дека заборавиле кога последен пат се израдувале на победа. Тимот од Арачиново славел против Скопје на 14 септември со 1:0, а Арсими против денешниот ривал на гости со 0:2 и тоа на 22 август.

Токму затоа се очекува да биде супер интересно во Гостивар, победата и трите бода им се неопходни и на двата тима, мора ама баш мора да се победи.Во спротивно ќе биде лошо, посебно за домашниот состав кој има 10 бода и сака триумф денеска.

Шкендија Арачиново до пред неколку кола беше најпријатното изненадување. Дебитантот во ПМФЛ навистина прикажуваше добри игри и победуваше, имаше најави дека ќе се бие битка и за излез во фиудбалска Европа, но ништо од тоа. Реалноста е дека Шкендија Арачиново ја чека тешка битка за опстанок. Во пресрет на денешниот натпревар арачиновци имаат 15 бода и се 6.место на табелата.

Секако дека ќе биде интересно, и Арсими и Шкендија Арачиново цврсто се решени да ја прекинат сушата во однос на победите.

Мечот започнува од 13 часот а за главен судија е одреден Пларент Салихи.

ПретходноЛазаров го одреди составот за дуелот со Грција, Гогов на голот на Македoнија!
СледноМакедонија ја има традицијата, Грција се потпира на „пеколната“ атмосфера